×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Банките да воведат редарски служби заради безбедност на клиентите, побара Кризниот штаб

    01.12.2020 13:51 | KumanovoNews

     Банките и други правни субјекти коишто вршат шалтерски исплати и наплати на средства да воведат дополнителни редарски служби кои ќе го контролираат и регулираат движењето на нивните клиенти во периодот на чекање пред деловните објекти со цел да се почитуваат мерките и препораките за заштита од ковид -19 со почитување на дистанца на клиентите, препорача кризниот штаб на денешниот состанок.

    Банките да воведат редарски служби заради безбедност на клиентите, побара Кризниот штаб

    Исто така доставено е известување дека ЈП „Чистота и зеленило“ ќе врши аеросолизација на јавно прометните површини во централното градско подрачје кога временските услови ќе бидат поволни, односно кога температурата ќе над -5 степени Целзиусови.

    - Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2 метри и носење на заштитни маски, да нема групирање на отворено, како и во затворени простории, - соопштуваат од Општински штаб за заштита и спасување.

     На состанокот пристуствуваа претставници на Општински штаб, претставници од институции, организации, јавни претпријатија.