×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Бдеење на кокински мугри“ утре во опсерваторијата Кокино

    30.07.2019 19:32 | KumanovoNews

    Во мегалитската опсерваторија Кокино, утре од 6 до 7 часот,  ќе се оддржи обредно културно-уметничко честување на изгрејсонцето, насловено како „Бдеење на кокински мугри“. 

    „Бдеење на кокински мугри“ утре во опсерваторијата Кокино

    Уште од бронзено доба, на овој планински локалитет, биле оддржувани планински обреди. Најголемиот се случувал, во текот на летото, кога сончевиот зрак, поминувајќи низ засек од вертикална карпа го осветлувал камениот престол, каде порано седел племенскиот старешина. При тој ритуал, старешината се соединувал со Богот на Сонцето, со што ја загарантирувал богатата жетва и мирниот живот во текот на идната година.

    Главниот настан, на оваа манифестација, е токму осветлувањето на сѐ уште постоечкиот престол на старешината и продолжување на традицијата.

    Манифестацијата ја организира Друштвото на писатели Куманово, а покровители на „Бдеење на кокински мугри“ која се оддржува секоја година, се градоначалникот и Советот на општина Куманово.