Бесплатниот превоз беше успешна мерка, сега средствата се пренасочени кон други приоритети, одговори Општината на СДСМ
Мерката субвенциониран јавен превоз се покажа како успешна и беше позитивно прифатена и користена од страна на граѓаните на Куманово, но во моментот средствата се пренасочени кон реализација на други приоритетни проекти од интерес на граѓаните, одговорија од Општина Куманово на прашањата за СДСМ, зошто е укинат бесплатниот превоз.
„Остануваме доследни на нашата обврска сите одлуки да се носат исклучиво во интерес на граѓаните, врз основа на реални потреби, надлежности и можности. Приоритет останува одговорното и домаќинско управување со средствата, како и инвестирањето во проекти кои носат долгорочни придобивки за нашата локална заедница“, стои во реакцијата од Општина Куманово.
Оттаму додават дека советниците на СДСМ две години се противеле на оваа мерка, па наместо да поставуваат прашања треба да дадат одговор зошто на секоја седница на Советот се против истите превозници, кои во минатото им биле главна логистика.