Мени

Бесплатно мерење на крвен притисок и закажување мамографија на Градскиот плоштад

11.05.2026 21:00 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад во Куманово, утре од 10 до 12 часот ќе се одржи акција за бесплатно мерење на крвниот притисок и закажување мамографија.

 

Бесплатно мерење на крвен притисок и закажување мамографија на Градскиот плоштад

Акцијата ја организираат Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и Здравствениот дом Куманово, по повод 12 Мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри.

„Се организира бесплатно мерење на крвниот притисок и закажување бесплатна мамографија за жени на возраст од 40 до 69 години, кои во последните две години немаат направено ваков преглед“, соопштија организаторите.