Бесплатно мерење на шеќер во Доброшане
09.03.2015 13:50
| KumanovoNews
Здружение на дијабетичари Куманово утре во населбата Доброшане организира акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта.

Акцијата ќе се спроведе на две локации, спроти кланицата и кај црквата во Доброшане.
“Целта е да се подигне свеста за присуството на шеќерната болест и новооткриените заболени да се упатат на лекување. Ова ни е прво мерење за оваа сезона и планираме годинава да посетиме 10 до 15 села, каде ќе направиме мерење на шеќер во крвта“ - вели Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.
По 20 март во Општа болница Куманово ќе се одржи предавање за дијабетес.