Мени

Без струја дел од градот и повеќе села

16.09.2026 08:34 | KumanovoNews

Дел од Куманово и околните населени места ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.

 

Без струја дел од градот и повеќе села

Денеска од 09:00 до 15:00 часот прекини се планирани во населбата Бедиње, и тоа на дел од улиците „11-ти Ноември“, „Трајко Јовановски“ и „Индустриска“.

Утре од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат потрошувачите на дел од улиците „11-ти Ноември“ и „Трајко Јовановски“, додека во петок од 08:00 до 15:00 часот – дел од улиците „11-ти Ноември“ и „Трајко Јовановски“.

На 24 септември, од 08:30 до 15:00 часот, прекин на електричната енергија е планиран во селата Војник, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кокошиње, Кшање, Скачковце, Колитско, Габреш, Кучкарево, Орман, Градиште и Стрезовце.