Мени

Без струја делови од Куманово и неколку населби

21.05.2026 08:02 | KumanovoNews

Повеќе делови од Куманово, неколку населби и села ќе останат без електрична енергија денеска и во наредните денови поради планирани прекини на електродистрибутивната мрежа.

Без струја делови од Куманово и неколку населби

Денеска (четврток), во периодот од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Осоговска“, „Сава Ковачевиќ“, „Србо Томовиќ“, „11 Ноември“ пред мостот за населбата Бедиње и дел од улицата „Боро Прцан“. Истиот ден, од 08:45 до 14:45 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и на улицата „11 Ноември“ и во населбата Бедиње.

Утре (петок), од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе останат делови од улиците „Ратко Митровиќ“, „Михајло Пупин“, „Благоја Думановски“, „Ѓорче Петров“ и „Бранко Радичевиќ“.

Планиран прекин е најавен и за 29 мај, кога од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе биде селото Винце.

На 1 јуни, во период од 08:40 до 13:30 часот, прекини ќе има во населбата Карпош, на улицата „100“, Стариот паланечки пат по месноста Бара и сите улици кои гравитираат кон улицата „100“, како и објектите лоцирани на оваа улица. Во истиот термин, без струја ќе бидат и улицата „1“ во населбата Карпош, Никулскиот пат по месноста Бара и сите околни улици кои гравитираат кон улицата „1“.

На 3 јуни, од 08:30 до 15:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во селата Никуштак, Виштица и Матејче.