Мени

Без струја денеска и утре повеќе села

27.04.2026 07:50 | KumanovoNews

Планирани прекини на електричната енергија денеска и утре ќе има во повеќе села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Без струја денеска и утре повеќе села

Од 08.45 до 14.30 часот без струја ќе останат потрошувачите на селата Брзак, Романовце и Агино Село.

 Утре од 08.00 до 14.00 часот прекин ќе има на м.в. Багремов Цвет, во селото Младо Нагоричане, во населбата Иго Тричковиќ, на м.в. Мајорово Трло и во селото Тромеѓа.

Истиот ден, од 08.30 до 15.30 часот, без струја ќе останат селата Виштица, Матејче и Никуштак.