Мени

Без струја неколку населби и речиси сите села во Куманово и Старо Нагоричане

29.04.2026 08:14 | KumanovoNews

Денеска и утре без електрична енергија ќе останат потрошувачите во неколку населби и повеќето села во Куманово, како и во сите села во Општина Старо Нагоричане.

Без струја неколку населби и речиси сите села во Куманово и Старо Нагоричане

Според Регионалниот центар за управување со кризи, денеска, 29 април, од 08:15 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе има во населбите Перо Чичо и дел од Гладно Поле, дел од Ајдучка Чешма и месноста Магаза.

Без електрична енергија ќе бидат и селата Кутлибег, Зубовце, дел од Тромеѓа, К’шање, Бељаковце, Колицко, Косматац, Мургаш, Скачковце, Новосељане, Габреш, Кучкарево, Пезово, Довезенце, Јачинце, Клечовце и Четирце, како и сите села во Општина Старо Нагоричане.

Утре, 30 април, од 08:30 до 14:30 часот, електрична енергија нема да има во селата Четирце, Биљановце, Бабин Дол, Доброшане, како и во селото Пелинце во Општина Старо Нагоричане.