Без струја неколку села
30.08.2019 07:00
| KumanovoNews
Поради планирани прекини на електро системот, без струја ќе бидат потрошувачите на неколку населени места во Куманово и Старо Нагоричане.

Во периодот од 09 до 11 часот без електрична енергија ќе останат селата: Бејтови ниви, Пуковско, Тромеѓа, Мајорово трло, Багремов цвет, Зебарњак, Млado Нагоричане (маало: Брадинци, Ѓорговци и Слатино).