Без вода потрошувачите на четири улици
20.02.2019 09:04
| KumanovoNews
Потрошувачите на четири улици во градот денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) поради интервенции на водоводната мрежа, денеска привремено без вода ќе бидат: улиците „Тошо Ангеловски“ и „Перо Шварц“, ул. 6 во нас. Јане Сандански и ул. 425 во нас. Иго Тричковиќ.