Без вода потрошувачите на повеќе улици во градот
18.08.2020 08:06
| KumanovoNews
Поради интервенција на водоводната мрежа денеска времено без вода ќе останат потрошувачите на повеќе улици во градот и приградските населби.

Според соопштението од ЈП „Водовод“, прекин во водоснабдувањето ќе има на: ул. 15, нас. Јане Сандански, ул. Моша Пијаде, ул. Бранко Богдански Гуцман, ул. Доктор Рибар, ул. 11 Ноември (од раскрсница со ул. Индустриска до нова фабрика на ФЗЦ) и м.в. Бавчи (Стара Кланица).