Без вода шест улици во градот
19.11.2018 09:43
| KumanovoNews
Поради проблеми на водоводната мрежа денеска без вода ќе останат потрошувачите на шест улици во градот.

Според информацијата од ЈП „Водовод“ привремено без вода ќе бидат улиците: Веселин Маслеша, 17-ти Бригади, Ѓорче Петров, Драги Шутевски, Васко Карангелевски и Жикица Јовановиќ Шпанац.