×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Борците и ветераните ќе положат цвеќе во Страцин

    03.09.2015 13:18 | KumanovoNews

    Членови на Сојузот на борци Куманово и на Здружение на армиски и полициски ветерани во сабота напладне, ќе го одбележат денот кога се одиграла на Страцинската битка со положување на цвеќе во истоименото село.

    Борците и ветераните ќе положат цвеќе во Страцин

    Ноќта на 4 спротив 5 септември 1944 година, 11 македонска бригада водела битка против бугарската војска која била во Страцин.

    Во битката учествувала и 11 македонска  бригада, а на одбележувањето ќе учествуваат и членови од нашиот огранок во Кратово. Ова го правиме традиционално - вели Драган Стојмановски, претседател на Здружение на армиски и полициски ветерани.

    Благе Јакимовски од Сојуз на борци Куманово вели дека во 11 македонска бригада имало борци од Куманово, Кратово и Крива Паланка. Во сабота во 9 часот пред комитет ќе има организиран превоз за борците до Страцин, а во недела ќе одат на прослава во Кратово бидејќи токму македонската бригада го ослободила Кратово и по тој повод нивната локална самоуправа и Сојузот на борци Кратово одбележуваат јубилеј.