Божиќни пакетчиња за сиромашните семејства
08.01.2015 09:39
| KumanovoNews
На стотина дечиња од сиромашните семејства, за празниците им беа поделени божиќни пакетчиња, донација од хуманитарната организација “Крепост“.

“Носевме храна и традиционална бадникова вечера со пита, овошје и други јадења, на семејствата кои немаат. Поделени се над 100 пакетчиња на деца од социјално загрозени семејства кои дојдоа во црква на литургија, а на другите претходно им беа однесени дома. Најважно е дека имаше насмевки и радост на нивните лица“ - велат од “Крепост“.
Со вакви хуманитарни активности организацијата ќе продолжи и во иднина.