×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Божиновски потрошил 100.000 евра за репрезентација?

    24.02.2014 12:49 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Виктор Божиновски (38), поранешен директор на ЈП“Водовод“ затоа што за 3 години потрошил близу 100.000 евра за репрезентација.

    Божиновски потрошил 100.000 евра за репрезентација?

    Недомаќинското работење на бившиот директор го пријавиле вработени од ЈП “Водовод“, поради што полицијата извршила увид во книговодствена евиденција.

    При тоа е констатирано дека пријавениот директор во периодот од 2010, 2011 и 2012 година во пет угостителски објекти од Куманово, на кои им било фактурирано за потрошена вода, геодезија и извршени проектантски услуги, не ги наплатувал побарувачките туку ги компензирал со ручеци и седенки со свои пријатели. Исто така, и во еден угостителски објект кој не е корисник на градската водоводна мрежа и не е регистриран во ЈП „Водовод“ Куманово како потрошувач на вода, пријавениот користел угостителски услуги на име на ЈП „Водовод“. Со горенаведените дејствија пријавениот го задолжил претпријатието во вкупен износ од 6.030.469 денари,- вели Валентина Николовска, портпарол на СВР Куманово.

    Божиновски тврди дека работел согласно закон и дека извештаите за финансиското работење биле усвојувани од Советот на Општина Куманово. Тој вели дека со оваа кривична пријава се врши класичен политички притисок врз него.

    - Апсолутно не се работи за никаква злоупотреба на службена положба и овластување. Тоа се работи кои секој директор на било кое претпријатие има право да ги прави. Со ниту еден закон тоа ниту е забрането, ниту е ограничено. Ова е уште една приватна журка на ВМРО - ДПМНЕ преку нивната испостава на МВР. Не се чувствувам дека сум виновен или дека нешто сум погрешил. Тие спонзорства кои што ги одобрувал управниот одбор, се работи за одредени манифестации. Се она што е потрошено во тие 3 години е износ кој што од вкупниот приход за тие три години е 1,2 отсто - кажа Божиновски.

    На Божиновски и претходно му беше поднесувана кривична пријава за “злоупотреба на службена положба и овластување“ заради усно договарање на изградба на водоводна и фекална канализација.