×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Будење“ не достави иницијатива за референдум во Советот

    25.08.2017 14:23 | KumanovoNews

    Граѓанската иницијатива „Будење“ не доставила барање до Советот на општина Куманово за разгледување на Нацрт-стратегијата за бегалци и странци, иако веќе неколку дена собира потписи за референдум.

    „Будење“ не достави иницијатива за референдум во Советот

    Поради тоа неизвесно е дали на седницата на што ќе се одржи во среда воопшто ќе се расправа на ова прашање.

    „Од граѓанската иницијатива „Будење“ досега до советот не е пристигнат никаков предлог за разгледување. Сите иницијативи кои ќе пристигнат се разгледуваат согласно законите и статутот на Општина Куманово. Овде се работи за граѓанска иницијатива која е под закрила на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи организаторот за Куманово е долгогодишен член и активист на ВМРО-ДПМНЕ, - изјави претседателот на Советот Александар Арсиќ.

    Претседателот додава дека до Советот имало предлог за расправа на ситата тема од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, која била нецелосна, без потпис на сите советници и печат, па во консултација со стручните служби на Советот иницијативата била отфрлена од советничките групи.

    „Останува можноста на самата седница советниците ако чувствуваат потреба да се расправа за Нацрт-стратегијата за беглаци и странци имаат право да поднесат дополнителна точка, по која ќе се изјаснат советниците дали има оправданост од разгледување и дали ќе се прифати, - додава Арсиќ.

    Граѓанската иницијатива „Будење“, која ја потпиша раководството на ВМРО-ДПМНЕ побара од Советот да распише референдум и граѓаните да одлучат дали ќе се градат станови за мигранти во општина Куманово.