Царинските гранични испостави блокирани три часа
15.01.2015 09:18
| KumanovoNews
Царинските испостави на сите гранични премини во државата, вклучувајќи ги и Пелинце и Табановце утрово не работеа три и пол часа поради технички проблем.

“Прекинот на линиите беше во раните утрински часови од 4 до 7.30 часот. Бидејќи во овој период нема голема фреквенција на граничните премини, не дојде до застој и посериозни проблеми“ - велат од Царинска управа на Македонија.
Граничните испостави по отстранување на техничкиот проблем продолжија со тековното работењe.