Ќе се асфалтира патот Старо Нагоричане-Никуљане
Наскоро ќе започне изградбата на локалниот пат што ги поврзува селата Старо Нагоричане и Никуљане. Општината Старо Нагоричане веќе потпиша протокол за соработка со Агенција за државни патишта.

- Изградбата на патот е во состав на проектот “Реконструкција и рехабилитација на локални патишта во Р.М.“, како дел од програмата финансирана од Меѓународна банка за обнова и развој, како и од годишната програма и капитални инвестиции на Општина Старо Нагоричане- вели Лазар Димитријевиќ, раководител на Одеелението за урбанизам.
Изведувач на градежните работи ќе биде “ГД Грани“ АД Скопје, а во најскоро време ќе започнат да се изведуваат работите на терен.