Ќе се одбележи Неделата на пешаци
17.04.2015 08:16
| KumanovoNews
Полицијата следната недела ќе ја одбележи Неделата на пешаци.

Низ различни активности учениците ќе се едуцираат за тоа како да бидат побезбедни во сообраќајот, ќе бидат поделени флаери, ќе им биде укажано на граѓаните за обврската од поминување на пешачки премин, ќе има сообраќајни поуки и слично. Месец април е месец за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот, при што и на возачите ќе им биде укажано дека мора да ги почитуваат пешаците во сообраќајот.