Ќе се преиспитува Договорот за изградба на пругата Куманово-Бељаковце
13.02.2019 08:41
| KumanovoNews
Владата ја разгледала информацијата за изградба на пруга Куманово-Бељаковце и донела заклучок со кој се најавува дека ќе го преиспита Договорот за проектната единица за имплементација на проектот.

Како што информира владината прес-служба, Владата ќе направи предлог за да се измени обликот на проектот со цел поефикасно спроведување на договорот имајќи ги предвид значителните доцнења и нефункционалноста на проектната единица.