×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реконструираат пет училници во „Христијан Карпош“

    10.08.2020 07:34 | KumanovoNews

    Општина Куманово одвои 600.000 денари за реновирање на подовите на 5 училници во основното училиште „Христијан Карпош“, во населбата „Перо Чичо“.

    Ќе се реконструираат пет училници во „Христијан Карпош“

    Според директорката Лидија Костиќ, работите ќе започнат во текот на овој месец и ќе завршат до почетокот на новата учебна година.

    „Тоа ќе значи многу за нашето училиште, бидејќи ќе се подобрат условите за работа на учениците и на вработените. Ќе се подобри хигиената и ќе се создаде подобар амбиент на учење и творење на нашите ученици“, - вели Костиќ.  

     Проектот е изработен на форумските сесии, преку проектот „Јакнење на општинските совети“, а се реализира преку УНДП.