Ќе се реновира Железничка станица Табановце
Во април ќе започне реновирањето на Железничката станица Табановце, потврдуваат од Министерството за транспорт и врски.

Ќе се реконструира покривот, подот, тоалетите, фасадите и друго.
„Проектот опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на Железничката станица, како што се водоводната и електричната инсталација, вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како иподобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапности поврзување со патниот транспорт, јавен и индивидуален“ - велат за Кумановоњус од Министерството за транспорт и врски.
Железнички станици во истиот период ќе се реновираат во повеќе градови низ Македонија.