Ќе се уредува бањата Стрновац
03.04.2015 09:31
| KumanovoNews
По Велигден ќе почне уредувањето на бањата Стрновац, информираат од комуналното претпријатије “Козјак“ од општина Старо Нагоричане.
Бањата ќе биде покриена со мрежа, ќе бидат направени туш кабини, соблекувални и скокалници во пресрет на сезоната.
За уредувањето ќе бидат потрошени над 200.000 денари, сопствени средства на претпријатијето. Зависно од финансиската состојба понатаму може да поставиме и бекатон плочки. Посетителите ќе почнат да доаѓаат во мај месец, а некои тука и кампуваат. Оваа сезона очекуваме повеќе гости од лани - кажа Борко Соколовиќ, директор на „Козјак“.
Соколовиќ вели дека бањата Стрновац ја посетуваат луѓе од Куманово, Скопје, Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Прешево, Врање и други места.

