×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Чедо Крстевски нов претседател на Партијата на пензионерите во Куманово

    24.11.2018 19:03 | KumanovoNews

    Чедо Крстевски, официр во пензија,  е новиот претседател на oпштинската организација на Партијата на пензионери во Куманово. Крстевски беше едногласно избран за претседаел од 57 делегати кои присуствуваа на Изборното собрание.

    Чедо Крстевски нов претседател на Партијата на пензионерите во Куманово

     За потпретседатели се избрани Штефица Ујчич и Душко Наковски, а за секретар Марјан Петровски. На изборното собрание присуствуваа и гости од Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово и Скопје, а пред присутните се обрати и Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионери.

    „За кусо време од формирањето станавме парламентарна партија зашто нашиот претседател Илија Николовски стана пратеник, а во Советот на Општина, на локалните избори во коалиција со СДСМ нашиот член Миле Андоновски стана советник. И во нашата Oпштина и во целата држава како партија станавме видливи, нашиот глас, нашите ставови се слушаат и почитуваат. Присутни сме како партија на сите важни случувања во Куманово, на сите прослави и одбележувања на значајни датуми. Наша идна задача е да работиме на зголемување на членството, да ни се враатат оние кои од разни причини се пасивизирале, зашто како партија во кои се одговрни луѓе имаме уште многу нешта од значење за нашето Куманово и за нашата држава да сработиме“, рече Крстевски заблагодарувајќи им се на делегатите за довербата.

    Крстевски доаѓа на местото на Штефица Ујчиќ на која и заврши 4 годишниот мандат.

    Говорејќи пред присутните, претседателот на Партијата на пензионери и пратеник Илија Николовски, потсети дека изминале пет години од основањето на Партијата, а фактот што две години ПП е парламентарна партија и што во пет општини има советници го оцени како значаен успех.

    “Во овој период од нашето учество во законодавната и во локалната власт успеавме да реализираме и некои од нашите програмски цели. Тука е пред се повторното враќање во примена на членот 37 од Законот за ПИОМ , односно усогласувањето на пензиите двапати во годината со порастотот на трошоците на живот и порастот на платите. Активно учествуваме во донесувањето Закон за над 3.000 стечајци што беше предвидено во нашата предизборна програма. Многу бргу ќе биде донесен и Закон за државна социјална пензија. Досега ги остваривме ветувањата и целите како: укинување на радиодифузната такса, враќање на ефтината тарифа на струјата, зголемување на минималната плата на 12.000 денари, воведена е мерката бесплатна градинка за самохрани родители, зголемени се субвенциите за земјоделците, а преку мерката „маалски полицаец“ зголемена е и безбедноста на граѓаните“, рече Николовски.

    Првиот човек на Партијата на пензионери ги елаборираше и задачите кои стојат пред Партијата.