×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Честитка од претседателот на Советот за Велигден

    13.04.2017 09:33 | KumanovoNews

    Претседателот на Советот на Општина Куманово Александар Арсиќ, денеска од името на Советот на општина Куманово и во лично име, на граѓаните од христијанска вероисповест и го честиташе големиот христијански празник Велигден.

    Честитка од претседателот на Советот за Велигден

    -Празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и ги симболизира нашите традиционални и културни вредност и со години наназад не учи на задништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските. Нека овој празник не исполни со добра мисла, мир и спокој, да побараме милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите. Велигден е празник на семејството и ближните, затоа на сите верници им посакувам топлина во домот, мир и разбирање. Со мир во душата и љубов во срцето, голема верба во бога и слава на Исус Христос, да се радуваме, сакаме и почитуваме.  Нека ни е честит и вековит Велигден! Христос воскресна! Навистина воскресна!- изјави претседателот на Советот Арсиќ.