×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод „Св. Кирил и Методиј“

    24.05.2017 09:41 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на своите сограѓани им го честита државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители-светите браќа Кирил и Методиј.

    Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод „Св. Кирил и Методиј“

        „Денес е денот кога сите ние со огромна чест и почит го чествуваме делото на словенските просветители, браќата Кирил и Методиј. Нивниот лик и дело се неизбришливо врзани не само со културата и историјата на Македонија, тие го отворија патот на писменоста и ширењето на христијанскиот дух, одбележувајќи го периодот на будење на словенските народи, придонесувајќи кон севкупниот европски цивилизациски подем и со својата просветителска дејност го задолжиле целиот словенски род и цела Европа.

    Ние сме горди што сме дел од тој цивилизациски придонес за европската и светска ризница, но истовремено сме и свесни дека тоа е обврска, нашата култура, традиција, јазик и идентитет да ги сочуваме од секакви премрежија кои ги носи животот.Нека е честит и вековит празникот!- стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.