Честитка за Рамазан-Бајрам од Советот
        19.08.2012 08:03
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Претседателот на Советот на Општина Куманово Виктор Цветковски упати честитка до сите верници од муслиманска вероисповест по повод големиот празник Рамазан-Бајрам
 
                  Во свое и во името на Советот на Општина Куманово на сите граѓани од муслиманска вероисповест им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам. Им посакувам пријатни моменти во кругот на семејството и најблиските, за време на празникот кој ги слави солидарноста, сочуството, истрајноста како и радоста, среќата и животот. Празничните денови да бидат исполнети со мир, благосостојба и љубов- стои во честитката.


 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





