Четири пожари во кумановско-липковскиот регион, горела сува трева
20.08.2026 08:31
| KumanovoNews
Во текот на вечерта и ноќта, Територијалната противпожарна единица Куманово (ТППЕ) интервенирала на гаснење на 4 пожари
Пожарникарите интервенирале во селата Орашац, Ваксице, Опаје и Лопате.
Во село Орашац интервенцијата траела од 18:20 до 20:40 часот, а во Ваксице од 18:05 до 20:22 часот.
Во село Опае пожарот избувнал во 20:35 а изгаснат е до 21:25 часот. Во Лопате интервенцијата започнала во 23:50 часот и траела до 01:15 часот.
Од ТППЕ Куманово апелираат на внимателно однесување на отворен простор, особено во услови на високи температури и суво време.