Четири села се без струја поради дефект
19.06.2015 10:24
| KumanovoNews
Четири села во општина Старо Нагоричане утрово се без струја, поради дефект, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Струја немаат жителите на селата Пелинце, Челопек, Муталово и Коинце. Екипи од ЕВН Македонија работат на брзо санирање на дефектот и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.