Мени

Четиринаесетмесечно дете се затруло со средство за чистење

11.06.2026 20:49 | KumanovoNews

Четиринаесетмесечно дете од Куманово се затруло со средство за чистење.

Четиринаесетмесечно дете се затруло со средство за чистење

Случајот во полиција го пријавиле лекарите од Општата болница во Куманово, каде што детето било донесено за укажување медицинска помош.

„Во 20:14 часот од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечно дете од Куманово, кое се затруло со средство за чистење. Извршен бил службен разговор со мајката на детето и увид од екипа на СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.