Мени

„Чичко Кумплунг“ - нова премиера на Театар Куманово

11.05.2026 12:23 | KumanovoNews

Во Театар Куманово во среда премиерно ќе биде изведена претставата „Чичко Кумплунг“ според пиесата „Прирачник за самоуништување” од Сашко Насев во режија на Јани Бојаџи.

„Чичко Кумплунг“ - нова премиера на Театар Куманово

„Чичко Кумплунг“ е култен лик од македонскиот филм Самоуништување.  Црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија во 90-тите години. Чичко Кумплунг е ексцентричен, темпераментен и саркастичен лик кој преку хумор, пцовки и „народска филозофија“ ги коментира политиката, секојдневието и апсурдите на времето. Токму поради автентичниот говор и комичните сцени, ликот со години стана дел од поп-културата и често се цитира.

Во претставата играат: Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Жарко Јовановиќ. 

Сценографијата е на Лазе Трипков, костимографијата на Ирена Боневска Чаловска и композитор Јани Бојаџи.

Претставата ќе се игра на големата сцена на Центарот за култура во Куманово.

Проектот е дел од програмата поддржана од Министерство за култура за 2026 година.