Црвен Крст и Макпетрол организираат крводарителска акција
25.05.2012 07:57
| KumanovoNews
Традиционално Макпетрол и Црвен Крст организираат акција за дарување на крв.
Оваа крводарителска акција почнува денеска во 9 часот на бензинската пумпа на Макпетрол на влезот во градот и ќе трае до 15 часот попладне.
Собраните единици крв ќе бидат за потребите на Клиниката за трансфузиологија. Се повикуваат сите хумани граѓани да се вклучат во акцијата. Искуствата од претходните години говорат дека на ваквите акции на фреквентни места има голем одзив.