Црвен Крст со хуманитарна помош за 110 семејства
12.05.2015 12:49
| KumanovoNews
Црвениот крст на Република Македонија преку општинската организација на Црвен крст Куманово, денеска ќе изврши дистрибуција на првична хуманитарна помош за задоволување на потребите на 110 семејства во населба Тоде Мендол.

Помошта се состои од пакети со храна, пакети со средства за хигиена, 500 ќебиња, хигиенски бебешки пакети, пелени, 100 пара чизми, 100 сетови со средства за дезинфекција и 3,5 тони вода за пиење.
Црвениот крст на Република Македонија и понатаму ќе ја следи состојбата и во соработка со кризниот штаб на општина Куманово и месното население ќе одговори на евентуалните итни хуманитарни потреби.