×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се намали цената на струјата, побараа граѓаните на протест пред ЕВН

    14.08.2020 15:49 | KumanovoNews

     Во Куманово денеска по втор пат се одржа протест, против поскапување на електричната енергија. Група од околу 100 граѓани тргнаа од пред Општината, за да дојдат до зградата на ЕВН каде што протестираа.

    Да се намали цената на струјата, побараа граѓаните на протест пред ЕВН

    Организаторите побараа да се укине одлуката за зголемување на цената на електричната енергија од 7,4 отсто, да се намали цената за потрошувачите за 46 отсто, како и да се распушти Регулаторната комисија за енергетика (РЕК). Од Владата, исто така побара да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се укине монополот на ЕВН. Воедно и да се национализира дистрибутивната мрежа.

    Граѓаните од протестот порачаа дека повеќе нема да молчат затоа што не можат да плаќаат високи сметки.

    „Тука сум дојден самостојно и барам да се поништи покачувањето на струјата. Никаде во Европа нема вакви високи сметки. Пример, во Швајцарија имам роднина кој плаќа сметка за струја од 50 франци, а најмала плата е 5.000 франци. Јас плаќам 80 евра месечна сметка, а имам плата од 250 евра и не можам така да живеам. Треба да се продолжи со протести, народот да излезе. Вака веќе не може, да размислиме за иднината на нашите деца, да не остане ваквиот катастрофален пристап кон народот,“ изјави еден од граѓаните.

    Организаторите кажаа дека им е потребна поддршка од сите, и очекуваат на наредните протести да им се придружат сите нивни сограѓани.

    (Д.Д.)