Мени

Да се тргнат хаварисаните возила од “Србо Томовиќ“

02.07.2015 08:24 | KumanovoNews

Граѓаните од улицата „Србо Томовиќ„ кои имаат стари хаварисани возила оставени на јавните површини, во рок од 24 часа треба сами да ги отстранат, поради изградба на тротоари на оваа улица.

Да се тргнат хаварисаните возила од “Србо Томовиќ“

“Доколку не го извршат истото, комуналната инспекција од општина Куманово, ќе пристапи кон отстранување на истите на локација на улица „Доне Божинов„ - Депо за привремено одземени возила со кое стопанисува ЈП „Чистота и Зеленило„.“ - велат од општината.

Трошоците кои ќе настапат при отстранувањето ќе бидат на сметка на сопствениците на хаварисаните возила.