Дамјановски: Дивоградбите ќе се легализираат селективно

17.12.2010 15:22 | KumanovoNews

Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека Законот за легализација на бесправно изградените објекти е селективен и дискриминаторски.

Дамјановски: Дивоградбите ќе се легализираат селективно

Законот за легализација на дивоградбите е очекуван затоа што ќе реши поголем број од актуелните проблеми. Но во овој закон гледам и политика бидејќи е селективен и се оди само определен број и група на дивоградби. Бидејќи не се опфатени сите дивоградби,  нормално е дека е дискриминаторски поради привилегираната цена за легализација во однос на регуларните комунални давчки. Законот е повеќе популистички отколку објективен - смета градоначалникот Зоран Дамјановски, кој е и потпредседател на ЗEЛС.

Во Куманово има над 1300 дивоградби од кои најголемиот дел се лоцирани по течението на реката Кумановка и железничката пруга во населбата Перо Чичо, населбата Пуковско и зад стадионот на Башкими.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk