Дамјановски има најголема одговорност за проблемите во градот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Дамјановски е градоначалник веќе 12 години, и има најголема одговорност за проблемите во градот, но сепак тој продолжува, сега уште повеќе, охрабрен од актуелните политички случувања, со несфатлив цинизам и ароганција да се оградува од очигледните злоупотреби и присвојувања на скапоцениот јавен простор.

Зборува за секторот за урбaнизам, како да е некоја далечна фиктивна творба, со која нема никаква релација, а всушност претставува негов најблизок соработник, ортак од најголема доверба, доживеан од граѓаните како урбанистичко чудовиште кое руши се што ќе му застане на патот.
Ваквите анти-кумановски интервенции на оваа урбанистичка тајфа, предизвикуваат непоправлива штета за градот“, - стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, по изјавите на градоначалникот Дамјановски дека нема влијание во урбанизмот и урбаната политика во општината, како одговор на обвинувањата дека локалната власт предвидува спроти Ургентен центар да се гради петокатница.