„Дарувај од срце“ - хуманитарна акција во Куманово
21.12.2018 18:38
| KumanovoNews
Форумот на жени на СДСМ Куманово, заедно со Црвен Крст, утре во 12 часот организираат хуманитарна акција „Дарувај од срце“.

Донации во облека, обувки и ќебиња ќе можат да се донесат во просториите на СДСМ Куманово (Зграда на поранешен Комитет), а потоа ќе бидат однесени во Црвен крст.
Ги повикуваме сите хумани граѓани кои сакаат да донираат да се приклучат на оваа акција, - соопштуваат од партијата.