Делови од Куманово денеска и во наредните денови ќе останат без струја
Повеќе населби и села во Куманово и околината денеска и во наредните денови ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.
Според најавите, денеска од 8:40 до 13:30 часот без струја ќе бидат делови од населбата Карпош во Куманово, односно корисниците на улиците „100“ и „1“, како и на Стариот паланечки и Никуљскиот пат по месноста Бара и околните улици што гравитираат кон овие сообраќајници.
Во среда на 3 јуни, во периодот од 8:30 до 15:30 часот, планиран прекин ќе има во селата Никуштак, Виштица и Матејче.
Во петок на 5 јуни, од 8:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на повеќе улици во Куманово, меѓу кои „Иво Андриќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Будимир Димковски“, „Милентије Поповиќ“, „Благој Пецкалија“, „Бранко Радичевиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Михајло Пупин“, „30 Јули“, „Стево Филиповиќ“ и „Руѓер Бошковиќ“, како и реонот околу ООУ „Христијан Карпош“.
Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и да ги преземат потребните мерки за време на прекините.