Демирели го напушто ГРОМ отиде во СДСМ
15.02.2014 11:37
| KumanovoNews
Мерџан Демирали до Куманово, член на Централниот одбор на ГРОМ, премина во СДСМ.
Тој на прес конфернција во Скопје обвини дека раководството на ГРОМ работи за лични интереси и во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.
Јас и луѓето што ме поддржуваат не се согласуваме со начинот на кој работи партијата ГРОМ, посебно начинот на кој работи во Куманово генералниот секретар Виктор Цветковски и дискриминаторскиот однос кон ромската заедница- изјави Демирели.
Тој најави дека тој и неговите подрчувачи на престојните избори ќе се бори да падне актуелната власт.
Демирели беше и член на ПЦЕР, а пред неколку години се кандидираше и за градоначалник на Куманово.
(Фото: Основачко собрание на ГРОМ во Куманово)

