Без струја денеска делови од Куманово и Старо Нагоричане
Прекин во снабдувањето со електричната енергија денеска ќе има на петнаесет улици во Куманово, како и во селото Старо Нагоричане.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК), денеска, од 06:00 до 14:30 часот, струја ќе немаат потрошувачите на улиците: „25 Февруари“, „Ленинова“, „Париска комуна“, „Партизанска“, „Иво Лола Рибар“ (Скопски дуќани), „Прохор Пчински“, „Димитар Влахов“, „Наум Охридски“, „Панче Пешев“ и „Пионерска“.
Од 08:00 до 14:30 часот, делови од улиците: „Србо Томовиќ“ и „Боро Прцан“, кај училиштето „Толи Зордумис“, како и „Осоговска“, „Крушевска Република“ и дел од „Сава Ковачевиќ“.
Во селото Старо Нагоричане од 08:30 до 14:00 часот.
Утре, вторник, од 08:30 до 12:30 часот, без струја ќе биде населбата Бедиње, во објектите во кругот на поранешната касарна „Карпош“, како и на улицата „11 Ноември“.
Во среда (25 март), од 08:00 до 14:30 часот, дел од улиците: „Сава Ковачевиќ“, „Милан Лисица“, „Крушевска Република“, „Осоговска“, „Боро Прцан“ и „Србо Томовиќ“, кај ОУ „Толи Зордумис“.