Мени

Денеска е Денот на сесловенските просветители

24.05.2019 10:21 | KumanovoNews

Македонија денеска го слави Денот на се словенските просветители солунските браќа Кирил и Методиј.

Денеска е Денот на сесловенските просветители

 Тие се основоположниците на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

По повод денот на Свети Кирил и Методиј, денеска во Владата и во Националната филхармонија ќе се одржи свеченост. На свеченоста е најавено да се обрати и премиерот Зоран Заев.