Денеска е Спасовден
Православните верници денеска го одбележуваат големиот христијански празник Свети Спас, во народот познат како Спасовден. Овој празник се слави 40 дена по Велигден .

Литургиски се прославува Христовото вознесување на небото и неговото седнување на десната страна од неговиот татко, Господ Бог. Според христијанското верување, со воскресението, Господ покажал дека е посилен од смртта. 40 дена по воскреснувањето, додека апостолите биле на трпезата, Христос повторно им се јавил и им рекол да одат по светот и да го проповедаат евангелието.
Во село Пчиња Спасовден е селска слава, но денеска слават и верници од повеќе села меѓу кои од Романовце, Младо Нагоричане, Никуљане и други.