×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска се празнува 2 Август – Ден на Републиката и Илинден

    02.08.2021 06:35 | Сузана Николиќ

    Денеска се одбележува 2 Август-Денот на Републиката и Илинден, односно 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ.

    Денеска се празнува 2 Август – Ден на Републиката и Илинден

    Со Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ во манaстирот „Прохор Пчински“,  удрени се темелите на македонската држава.

    Овие датуми се длабоко врежани во колективната меморија на нашиот народ. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода.

    Годишнината од Илинден ќе биде одбележана со народни собири и свечености ширум земјата, а пред се во Скопје, Пелинце и Крушево.

    Во меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце, денеска ќе присуствува премиерот Зоран Заев.

    Премиерот ќе го придружуваат и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерката за култура Ирена Стефоска.

    Свеченоста ќе започне со положување свежо цвеќе во 09:50 часот, потоа следува обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и културно-уметничка програма.