Денеска и утре прскање против крлежи во Куманово
23.08.2021 06:57
| Сузана Николиќ
На територијата на општина Куманово денеска и утре ќе се врши дезинсекција против крлежи. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот.

Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Третирањето ќе се врши од 5 до 8 часот.
„Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините, како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот“, соопшти Општината.
Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.