×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска и утре студено со дожд и снег

    25.01.2019 09:26 | KumanovoNews

    Денеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен  влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.

    Денеска и утре студено со дожд и снег

    Во југоисточните  делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен  ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

    Во Скопје, ќе биде облачно врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

    Утре во источните делови ќе има локални врнежи од снег, само во крајните југоисточни делови од дожд. Во недела ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.