Денеска последен ден за поднесување е-даночна пријава
31.12.2018 08:52
| KumanovoNews
Денеска до 16.30 часот граѓаните ќе можат да се регистрираат на системот за електронска даночна пријава.

Од Управата за јавни приходи информираат дека во последните десетина дена поголем дел од од граѓаните ја завршиле оваа обврска и уште мал број на даночни обврзници треба да се регистрираат до крајниот рок.
Според последните податоци од саботата попладне во системот се регистрирани околу 650.000 граѓани.