Мени

Денот на вљубените-сладок и горчлив

13.02.2014 10:57 | KumanovoNews

Дури 10 милиони жени на 14 февруари добиваат брачна понуда, а поголемиот дел од паровите се венчаваат за неколку месеци

Денот на вљубените-сладок и горчлив

Љубовта цвета во февруари, бидејќи Денот на вљубените се слави како планетарен празник на убавите чувства. Многу мажи тогаш се подготвени да ја покажат својата романтична и емотивна страна, па одлучуваат да ги запросат девојките и верениците, а оние кои не одат толку далеку, трошат многу пари на подароци и внимание.

Празникот на љубовта, според многу истражувања е еден од најкомерцијалните денови во светот. На овој ден посебно профитираат цвеќарите, продавачите на бонбоњери и други слатки работи.

80 проценти од џентламентите подаруваат црвени рози, секси долна облека и чоколади.

Дури 10 милиони жени на 14 февруари добиваат брачна понуда, а поголемиот дел од паровите се венчаваат за неколку месеци

Меѓутоа не се сите вљубени или во врска, па 37 одсто од луѓето го сметаат овој ден за најлош во годината.