Десет литри дожд и минимална снежна обвивка во кумановско
06.03.2015 08:16
| KumanovoNews
Во последните 24 часа во Куманово наврнаа скоро десет литри дожд на метар квадратен и минимална снежна обвивка.

Од Регионалниот центар за управување со кризи очекуваат дека во текот на денот ќе има покачување на водостојот на реките.
“Засега нема дојави и поплаки од граѓани, но со оглед на новите врнежи од дожд сигурно дека водостојот на реките ќе се зголеми. Нема да биде алармантно, но ќе има зголемување на нивото. Снежната обивка е многу мала“ - велат од РЦУК.
Денеска не очекува претежно сончево време со температури околу 6 степени.